Македонија
16. February 2019 - 11:56

Опасен криминалец од Скопје уапсен на патот Валандово - Струмица

Вчера во 03,00 часот на регионалниот пат Валандово - Струмица, на место викано „Раскрсница Страиште“, од страна на полициски службеници врз основа на централна потерница од слобода е лишен Н.Ќ.(32) од село Сингелиќ, скопско.

Лицето е предадено во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.