Loading Video...
Бизнис
18. July 2021 - 16:54

Опаѓа производството на автомобили во Европа, ќе има ли отпуштања во Македонија?

Отпуштања нема да има, ама ќе забави темпото на нови вработувања во фабриките од автомобилскиот сектор во земјава. Инвеститорите нема да го намалуваат бројот на работници затоа што во момент кога ќе треба да се вратат на нормално производство нема да можат да најдат нови. 

Состојбата на европскиот пазар е лоша и нема оптмизам дека ќе се поправи до крајот на годината. Пример, првично Германија планирала производството на 13% повеќе возила од лани, последната прогноза вели дека ќе бидат произведнеи само 3% повеќе во споредба со лани кога речиси и немаше производство. Проблем не е само тоа што фалат компоненти туку и тоа што бројот на новозаболени во Азија алармантно расте.

Извозот од зоните годинава е во пораст. Според податоците за зоните, тој пораснал за 70% годинава во спореба со лани. Но, познавачите велат дека овој процент е висок заради тоа што сите производи се поскапени, а не затоа што се зголемило количеството на производи кои завршиле на странски пазари.