Тенис
11. September 2020 - 11:07

ОП САД: Финале Азаренка-Осака

Наоми Осака и Викторија Азаренка ќе играат во финалето на женскиот дел од турнирот на Ју-Ес опен. Осака има титулата од овој гренд-слем, додека Азаренка се пласира во своето прво гренд-слем финале по пауза од седум години.

Азаренка во полуфиналето ја победи Серена Вилијамс во три сета 1/6, 6/3, 6/3. За белоруската тенисерка ова е прва победа против Серена од 2016 година.

Пласман во финалето во три сета избори и Осака. Јапонката славеше против најголемото изненадување на турнирот Џенифер Брејди со 7/6, 3/6, 6/3. Осака во 2018 година го освои Ју-Ес опен, а во јануари 2019 година славеше и на Австралија опен.