Балкан
19. February 2016 - 9:07

Онаа болеста на С... баба оставила свеќа во фрижидер и имала среќа

Старица едвај се спасила откако во својот фрижидер случајно заборавила свеќа.

87-годишната Љубица А. од Петровац кај Прокупље малку фалело да се задуши со јаглен - моноксид откако во фрижидерот ја оставила свеќата.

Старицата се обидела да го исчисти фрижидерот во својата куќа, а бидејќи не гледала добро, зела свеќа и ја запалила, па ја доближила до фрижидерот.

Потоа ја оставила запалената свеќа во фрижидерот и потполно заброавила на неа. Од пламенот се стопила пластиката и старицата почнала да се гуши.

Кога сфатила што направила, веќе била во тешка состојба, но повикала Итна помош и тие дошле и ја пренеле во Ургентното одделение на болницата во Прокупље. Била донесена во свесна состојба.

Интервенирале и пожарникари, за да го изгаснат пожарот кој настанал.