Loading Video...
Фудбал
25. February 2019 - 15:12

„Омразата не игра на наш терен“ кампања на ФФМ и ОБСЕ

Под мотото „Омразата не игра на наш терен“ ФФМ и ОБСЕ започнуваат заедничка кампања  во која целта е да се повикаат сите фанови кои се присутни на стадионите ширум земјава на фер и коректно навивање, без омраза, национализам и расизам.
 
Кампањата ќе се емитува на национални телевизии и радија и ќе биде промовирана во повеќето градови низ државата преку билборди и постери. 
 
Свое обраќање имаа и генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски, како и амбасадорот на ОБСЕ Клемен Која, кој истакна дека со оваа кампањата треба да се придонесе кон прифаќањето на мултиетничкиот карактер на општеството и отфрлање на предрасудите.
 
-  Целта на кампањата е да се придонесе кон прифаќањето на мултиетничкиот карактер на општеството и отфрлање на предрасудите, зголемена јавна свесност,  особено меѓу спортските навивачи и младите, потоа за штетните ефекти од говорот на омраза и криминалот поттикнат од говорот на омраза во спортот, да се охрабрат спортските навивачи да избегнуваат дискриминаторски, расистички и нетолерантни пароли на и надвор од спортските терени вклучувајќи ги и социјалните медиуми, како и да илустрира како спортскиот однос и фер-плејот од страна на навивачите ќе придонесе кон позитивни промени, истакна амбасадорот Клеменс Која.
 
На денешното обраќање, имаше и видеа преку кои се обратија неколку фудбалери и фудбалски работници меѓу кои Илијоски, Муслиу, Максути, Димоска и Гого Јовчев, кои испратија пораки за подигнување на свеста и за нетолератност за омразата на трибините.