Балкан
4. January 2019 - 11:04

Омиленото грчко летувалиште за Македонците покриено со снег: Неверојатна глетка на плажите покриени со снежна покривка

Студениот бран со снег не го заобиколи ниту познатото грчко летувалиште.

Омиленото место за одмор на Македонците и на Србите, познатата Паралиа осамна под снежна покривка.

Фотографиите од оваа невообичаена глетка објавена на Фејсбук страницата „Света Српска Земја Паралија“

На нив се гледаат плажите, улиците и зградите во Паралија целосно покриени со снег.

Местото кое во текот на сезоната врие од туристи, сега е потполно пусто и повеќе личи на ски центар отколку на летувалиште.