Омикрон регистриран во 38 земји
Што се однесува до состојбата со Ковид-19 во регионот и пошироко по првиот потврден случај на сојот Омикрон во Грција, тамошната Комисија за вакцинација при Министерството за здравство вчера донесе одлука третата доза од вакцината против Ковид-19, за сите над 18 година да се прими по три, наместо по шест месеци како што беше досега, јави дописничката на МИА од Атина.
Швајцарските кантони Женева и Во ставија во карантин 2.000 луѓе, од кои поголемиот број деца, откако во едно меѓународно училиште се откриени два случаи на сојот Омикрон на коронавирусот.
– По два потврдени случаи на сојот Омикрон оваа недела во кампусот Шатонеур на меѓународното училиште во Женева, Медицинските служби во Во и во Женева заеднички одлучија да ги стават во десетдневен карантин сите ученици и персоналот на кампусот, се наведува во соопштението на женевските власти.
Тестови треба да направат и родителите, браќата и сестрите на учениците.
Претходно беа регистирани неколку случаи на сојот Омикрон во пет швајцарски кантони и беше воведена забрана за влез на лица од Јужна Африка и карантин за патниците кои пристигнуваат од 23 држави, меѓу кои и Јапонија, Велика Британија и Канада.
– Од новата варијанта на коронавирус Омикрон постои трипати поголем ризик од повторна инфекција од моментално доминантниот вид Делта и Бета видот на вирусот, соопштија вчера група јужноафрикански здравствени тела.
Јужноафриканскиот министер за здравство Џо Фала изјави вчера дека неговата земја влегува во четвртиот бран на Ковид-19 поради варијантата Омикрон, но дека болниците во оваа фаза не се загрозени. Тој на прес-конференција истакна дека инфекциите со новата варијанта сега се присутни во седум од деветте провинции во земјата и изрази надеж дека со овој сој може да се управува без да се предизвикаат премногу смртни случаи.
Фала ги повика граѓаните на Јужноафриканската Република да бидат целосно вакцинирани, бидејќи, како што тврди, тоа е најдобрата заштита од Омикрон варијантата.
Светската здравствена организација синоќа соопшти дека новата варијанта на коронавирус – Омикрон е идентификуван во 38 земји ширум светот, но досега не се пријавени смртни случаи.
Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот тим во одделот за итни случаи на СЗО истакна дека зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во Европа во изминатите два месеци се должи на сојот Делта, но Омикрон може да ја влоши ситуацијата.
– Во последните два месеци, видовме раст во Европа. И ова се должи на варијантата Делта, а новиот сој може да ја влоши ситуацијата, рече таа за време на онлајн сесијата за прашања и одговори за ситуацијата со коронавирусот.
Затоа, таа смета дека е исклучително важно да се продолжи со поддршката на епидемиолошките мерки насочени кон ограничување на ширењето на варијантата Делта. Посебно, треба да се засилат кампањите за вакцинација.
Главната научничка на СЗО, Сума Сваминатан ги повика луѓето да не паничат поради појавата на Омикрон и рече дека е премногу рано да се извлечат заклучоци за новата варијанта. Во интервју за Ројтерс Некст, Сваминатан рече дека е невозможно да се предвиди дали Омикрон ќе стане доминантна варијанта на коронавирусот.
– Треба да бидеме подготвени и внимателни, но да не се паничи бидејќи сме во поинаква ситуација од пред една година. Делта сочинува 99 отсто од инфекциите во светот. Оваа варијанта би требало да биде позаразна за да ја надмине Делта и да стане доминантна во светот. Можно е, но не е можно да се предвиди. Мора да почекаме, да се надеваме дека е поблага … но прерано е да се заклучи за варијантата како целина, рече Сваминатан.
Најави дека СЗО следната недела ќе свика глобална група на експерти за да ги одреди приоритетите за истражување на Омикрон. Коментирајќи ја потенцијалната потреба од вакцинација со бустер доза против коронавирус еднаш годишно, таа рече дека СЗО се подготвува за сите сценарија.
Ново на Сител
-
Муцунски: Треба да се исцрта јасен пат за нашата евроинтеграција, покажавме посветеност, го очекуваме тоа и другата страна
-
Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Михаил Кавелашвили избран за претседател на Грузија
-
Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки
-
Во возило од градски превоз во Велес пронајден мртов 60-годишен маж
-
УЈП апелира угостителите и физичките лица за празниците да работат согласно законите и да ги исполнат даночните обврски
-
Мицкоски: Постигната историски највисока цена на килограм откупен тутун од 400 денари
-
Нови 600 вработувања во МВР, Мицкоски повика на трпение, работите се решаваат една по една
-
Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени двајца дилери