Македонија
26. September 2018 - 17:14

ОМД не верува во успешен референдум, партијата на Македонците во Србија го поддржа референдумот

Македонија мора да има европска иднина и поради тоа сите Македонци треба да го искористат идниот викенд, да излезат и да гласаат на референдумот, велат од Партијата на Македонците во Србија. Нашата татковина мора да стане силен пријател со сите соседни земји, и само таквата позитивна мисла треба да ги води граѓаните при нивната одлука, земјата да стане дел од евроатланското семество.

Обединетата Македонска Дијаспора  пак е со спротивен став. Според нив не постои реално и практично сценарио за постигнување на цензусот, и поради тоа мислат дека референдумот ќе пропадне по основ на недоволна излезност.

Мислиме дека само изборен фалсификат од историски размери може да го доведе неуспехот во прашање. Неуспешниот референдум ќе докаже дека мнозинството Македонци не го одобруваат Преспанскиот Договор и со самото тоа тој станува ништовен. Во случај на пропаднат референдум, сегашната власт ќе го изгуби политичкиот легитимитет што може да биде предвесник за предвремени избори, реагираат од ОМД.

За гласање на референдумот во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство, досега се пријавени 2700 македонски граѓани кои се на привремена работа или престој во други земји.

Бранислав Јанески Сител ТВ