Македонија
5. January 2018 - 8:19

Омбудсманот со повеќе овластувања при истрагите за полицијата

Владата не вчерашната седница го усвои предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител.

Со измените предвидено е создавање посебно надворешно дело, како дополнителен коректив на системот на истрага при кривични дела извршени од страна на овластени службени лица при Министерството за внатрешни работи и припадници на затворската полиција.