„Омаж за едно раѓање и едно умирање“ во НУБ
Со манифестацијата „Омаж за едно раѓање и едно умирање“, денеска Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе одбележи 90 години од раѓањето на Томе Арсовски и 15 години од смртта на Димитар Солев.
Пред присутните ќе се обрати в.д. директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ Сенка Наумовска.
Поетот Михаил Ренџов и поранешен колега на македонскиот раскажувач, романописец, есеист и книжевен критичар, Димитар Солев, кој бил прв човек на НУБ „Св. Климент Охридски“ од 1978 до 1987 година ќе сподели сеќавања од тој период. На делата на Солев ќе потсети романсиерот и раскажувач Александар Прокопиев.
Сеќавања за поетот, раскажувач, романописец, драмски автор детски писател и преведувач, Томе Арсовски, ќе пренесе романсиерот и раскажувач Благоја Иванов, а за неговото богато творештво ќе зборува прозаистот Васе Манчев, кој исто така еден период беше директор на НУБ „Св. Климент Охридски“.
Актерите Лиле Вељанова и Емил Рубен ќе читаат извадоци од делата на Димитар Солев и Томе Арсовски.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање