Loading Video...
Спорт плус
23. March 2020 - 16:00

Оложувањето на Олимписките Игри во Токио се поизвесно

Се поизвесно е дена најголемиот светски спортски настан Летните Олимписки Игри, чиј домаќин летово треба да биде Токио, нема да се одржат во предвидениот термин.
 
 
ИОК за месец дена ќе донесе конечна одлука за Олимпијадата во Токио
 
Под притисок на голем број на спортисти, федерации и национални олимписки комитети, Интернационалниот олимписки комитет (ИОК)  вчера официјално потврди дека размислува за одложување на Олимпијадата. 
 
Првите луѓе на ИОК сериозно ја следат ситуацијата со коронавирусот и најавија дека во рок четири седмици ќе биде донесена конечната одлука.
 
Но истовремено од ИОК се децидни дека нема да има откажување, туку само нејзино одложување (пролонгирање) или евентуално скратување на бројот на натпреварувања и натпреварувачи.
 
Канада и Австралија го откажаа своето учество на ЛОИ
 
По ваквата одлука на ИОК, конкретна реакција дојде од два големи национални олимписки комитети, канадскиот и австралискиот. Нивната порака е јасна, Игрите мора да бидат откажани за една година.
 
Имено, Олмписките комитети на Канада и Австралија донесоа одлука да го откажат учеството на своите спортисти на Игрите.
 
-Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на Канада донесоа тешка одлука да не испраќаат своите спортисти во Токио. Ги повикуваме челните луѓе на ИОК да ги одложат игрите за една година, стои меѓу другото во писменото соопштението од Олимпискиот комитет на Канада.
 
Од Австралискиот комитет пак нагласуваат дека ги повикале своите спортисти да се подготви за Олимписките игри, но не претстојново туку следното во 2021  година.
 
Јапонскиот премиер Абе ја потврди можноста за одложување на Игрите
 
Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека одложувањето на може да биде опција, ако не постои можност Игрите да се одржат во целосна форма. 
 
„Ако тоа е неизводливо, можеби нема да имаме друга опција освен да размислиме за одложување на Игрите“, рече тој на денешната седница на јапонскиот парламент.
 
Коронавирусот направи хаос во светскиот спорт, последиците од Ковид-19 ќе се чувствуваат во следните неколку месеци, можеби и цела година, посебно поради фактот дека нема никакви назнаки дека ситуацијата во светот ќе се нормализира.
 
Најголемиот настан на светот е планирано да се одржи во периодот од 24 јули до 9 август, но се поизвесно е дека тоа нема да се случи.