Македонија
27. October 2020 - 8:54

Оливер Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека е позитивен на Kовид-19.

И покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се“, напиша тој на фејсбук.