Македонија
3. October 2016 - 23:48

Оливер Спасовски: Безбедноста на Македонија е во најдобар ред

Додека проблемот на жариштето не биде решен, нема да има крај на бегалската криза. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека Македонија мора да им пружи хуман третман, но и да внимава на безбедноста на своите грагани. Управувачкиот комитет за справување со кризи е поставен соодветноп и државата добро се справува со  кризата.

Спасовски вели дека е потребна поголема превенција во однос на регрутацијата на лица за боиштата на блискиот исток, но и ресоцијализација на повратниците. Тој ги демантираше пишувањата на одредени медиуми на албански јазик дека повторно во делови од државата биле активирани групи на ОНА и УЧК.

При посетата на СВР Скопје, Спасовски најаваи системски реформи во функционирањето на секторот за внатрешни работи кој има потреба од поголем број на полициски службеници. Од службените лица министерот добил потврда дека и состојбата во главниот град е стабилна.