Ракомет
19. February 2016 - 10:20

Олимписките квалификации без Копљар

Капитенот на хрватската ракометна репрезентација, Марко Копљар (30), поради повреда на коленото, најверојатно ќе го пропушти квалификацискиот турнир за пласман на Олимиските игри во Рио де Жанеиро.
 
Копљар се повредил во средата на првенствениот натпревар против Фригорификос дел Мораза, на кој неговата Барселона славеше со 34:22.
 
Десниот бек на Барселона теренот го напуштил во финишот на првото полувреме, а по деталните прегледи клупските лекари му препорачале да мирува во наредните шест недели.
 
Хрватска од 8. до 10.април ќе игра на турнирот во Данска, каде против домаќинот, Норвешка и Бахреин ќе се обиде да освои едно од првите две места, кои обезбедуваат настап на ОИ.
 
Марко Копљар, пред три недели, со Хрватска го освои бронзениот медал на Европското првенство.