Loading Video...
Спорт плус
20. December 2020 - 15:01

Олимписката шампионка Ледецка прв пат победи во Супер-Џи

Олимписката шампионка од Пјонгчанг, Естер Ледецка стигна до втората победа во кариерата во трка од Светскиот куп. 
 
Чешката скијачка победи на Супер-џи трката во Вал Дизер, и тоа со само 3.стотинки побрзо време од Корин Сутер од Швајцарија, која е минатогодишна победничка во оваа дисциплина. 
 
Со заостанување од 35.стотинки, третото место и припадна на Италијанката, Федерика Бриџоне.