Македонија
13. August 2015 - 19:23

Олеснување за матичните лекари- Превентивните прегледи ќе се водат електронски

Матичните лекари повеќе нема да пополнуваат по 7 хартиени обрасци за секој пациент кој извршил преглед за рано откривање на дијабетес, кардиоваскуларни и нефролошки болести. Со новото софтверско решение на Фондот за поефикасна превентивна здравствена заштита, овие податоци ќе се внесуваат електронски. Докторите ќе заштедат околу 6 милиони денари годишно за хартија, принтери и сервисирање, а ќе имаат и повеќе време за пациентите.

-Ова е еден вистински почеток на еден софтвер кој може да пружи големи можности и кој во иднина ќе ја олесни работата на матичните доктори, така да ние како професионалци да имаме повеќе време за нашите пациенти рече д-р спец. Лилија Чолакова-Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Новиот софтвер ќе врши и автоматска размена на потадоци со Фондот, кој во секое време ќе има увид во работата на матичните лекари и во здравствената состојба на граѓаните.

-Со голем процент на веројатност ќе знаеме колкава бројка на луѓе може да очекуваме дека ќе почнат дијализни третмани за 2,3,4 или 5 години, за да можеме да го планираме буџетот стратешки. Ќе може да знаеме кај колку лица постои можност или имаат опасност за добивање на инсулти, мозочни и срцеви удари и како да пристапиме на тие луѓе со препораки, рече директорот на ФЗОМ, д-р Сашо Стефаноски.

Во следната фаза од проектот матичните лекари ќе се поврзат  со сите лаборатории од примарно ниво кои имаат склучено договор со Фондот. Резултатите од крвните анализи докторите ќе ги добиваат електронски, а пациентите нема да се враќаат со резултатите во хартиена форма.