Свет
1. February 2016 - 23:03

Оланд побара целосно укинување на американските санкции кон Куба

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска побара од САД до „одат до крај“ во укинувањето на нивните санкции кон Куба.

- (Американскиот) претседател (Барак) Обама и самиот рече дека мора да оди до крај во отстарнување на ова наследство од Студената војна. изјави Оланд по средбата со кубанскиот претседател Раул Кастро во Париз.

Кастро денеска престојува во, како што оценуваат француските медиуми, историска посета на Франција.