Свет
10. February 2016 - 10:22

Оланд ќе ја објави одлуката Фабиус да биде кандидат за претседател за Уставниот суд

Претседателот на Франција Франсоа Оланд ќе ја објави денеска одлуката да го предложи министерот за надворешни работи Лоран Фабиус за претседател на Уставниот суд на местото на Жан Луи Дебре, јзави француската телевизија Бе-Еф-Ем.

Фабиус, според телевизијата, денеска писмено ќе ги извести Министерството за надворешни работи дека ја напушта функцијата.

Тој уште една година ќе остане на функцијата претседател на Меѓународната конференција на Обединетите нации за климатски промени.