Свет
22. јуни 2016 - 20:45

Оланд: Излегувањето на Британија од ЕУ - неповратна одлука

Францускиот претседател Франсоа Оланд, оцени дека иднината на Европската Унија е во игра за време на британскиот рефрендум за останвањето или излегувањето од ЕУ, пренесува дописникот на МИА.

Оланд притоа додаде дека Париз ќе го смета како дефинитивно „заминувањето“ на Лондон и притоа предупреди на „многу сериозните ризици за Британците да не можат повеќе да имаат пристап на европскиот пазар“ во случај на Брегсит.