Оланд и Меркел се заложија за деескалација на тензиите меѓу Турција и Русија
Франција сака да види деескалација во односите меѓу Русија и Турција по инцидентот со соборувањето на рускиот авион, изјави вчера францускиот претседател Франсоа Оланд, кој ја прими во Елисејската палата германската канцеларка Ангела Меркел, јави ТАСС.
- Тоа што се случи е мошне сериозен инцидент. Ние сме за деескалација. Потребно е да сториме се што е можно со цел што побрзо да се обнови дијалогот меѓу Русија и Турција, рече Оланд.
На заедничката прес-конференција со Меркел, Оланд ја повика Германија да стори повеќе во борбата против Исламска држава.
- Не можеме едноставно да преземаме мерки во Франција, Германија, во Европа. Потребно е да ги насочиме нашите напори кон самиот извор, додаде Оланд.
Тој додаде дека светските сили треба заедно да работат за да се спречи натамошното влошување на односите меѓу Русија и Турција, откако турските сили го соборија рускиот авион.
Оланд истакна дека планира на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин да потенцира дека сите треба да се борат против Исламска држава.
- Посетата на Оланд на Русија е мошне важна за борбата против ИД и за продолжување на политичкиот процес во Сирија, рече Меркел.
- Нашиот заеднички непријател е тероризмот, нашата заедничка цел е да дејствуваме одлучно. Бидејќи ИД не може да биде убедена, таа треба да биде победена со воени средства, додаде германската канцеларка.
Таа изрази надеж дека уривањето на рускиот бомбардер Су-24 нема да претставува чекор назад во дипломатските напори за решавање на ситуацијата во Сирија.
Ново на Сител
-
На Попова Шапка најстудено со - 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри
-
Евробарометар: Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ
-
Џихадистите зазедоа уште еден град во северозападна Сирија
-
Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури
-
Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа
-
Ким: Русија има право на самоодбрана
-
Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти