Свет
25. August 2015 - 9:06

Оланд и Меркел бараат заеднички одговор од Европа за мигрантската криза

Во заедничката изјава, претседателот на Франција Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел ја истакнаа „сериозноста" на ситуацијата со бегалците и бараат од земјите членки на ЕУ брзо воспоставување „единствен азилантски" систем.

Формулите се речиси идентични за да се нагласи сериозноста на ситуацијата. Меркел зборува за "значителни предизвици", додека Франсоа Оланд зборува за "многу сериозна", ситуација "исклучителна, но која ќе трае."

Во Берлин германската канцеларка и шефот на француската држава изгеда дека вчера беа на иста бранова должина при описот на миграциската криза во Европа: илјадници бегалци се обидуваат секоја недела од пред неколку месеци да влезат во Европа преку Италија, Грција и Балканот.

Меркел и Оланд ја искористија трилатералната средба во германскиот главен град со претседателот на Украина, Петро Порошенко, за да разменат  мислења за прашањето на бегалците и мигрантите, кои се најдоа во прв план на меѓународната сцена.  Користејќи ја сета нивна тежина Ангела Меркел и Франсоа Оланд сакаат да ја принудат Европа да реагира и да воспостави „единствен систем за азил." 

 -Колку што е можно поскоро, истакна Меркел.

Во Франција и во Германија, темата со мигрантите  е жешка. 

- Ова е тест за семејствата (на бегалците), но исто така и за земјите кои се одговорни  да ги прифатат, истакна претседателот на Франција во заедничката изјава со Меркел.

Во Германија оваа година се очекуваат  800.000 баратели на азил. Рекорд во Европа. Прашањето со азилантите се претвора во национална криза. Приливот на баратели на азил поттикна ксенофобични тензии.

Во Хајденау, Саксонија, имаше три ноќи на насилство помеѓу екстремната десница и полиција. Активистите на крајната десница протестираа против отворање на нов центар за згрижување на бегалци. Ангела Меркел овие настани ги го осуди како "неприфатливи расистички" дела.

- Тоа е срам, изјави таа.

Овој викенд канцеларката беше критикувана од страна на опозицијата за недостатокот на осуда на овие движења.

Европа останува поделена во однос на прашањето за распределбата на бегалците. По разгледувањето на квотите, отфрлени од своите партнери, Берлин направи чекор назад. Во заедничката декларација Меркел и Оланд само ги споменаа, без да го дадат  клучот ", за правична распределба " меѓу земјите-членки.

"Што не е случај во моментов", истакна канцеларката. Да се ​​направи разлика помеѓу бегалци кои имаат склоност да останат во Европа, вклучувајќи ги оние од земјите во војна  како Сирија, и оние кои мигрирале од економски причини,  "кои ние можеме да ги разбереме, но не можеме да ги прифатиме  како такви", според формулата на  Франсоа Оланд. 

Двајцата лидери повторно повикаа на отворање на "прифатни центри и регистрација" во земјата на нивното пристигнување. Ангела Меркел сака тоа да се направи во текот на оваа година. "Ние не можеме да прифатиме никакво одложување", додаде таа.

За да мерките бидат ефикасни, Франција и Германија, исто така, очекуваат Европа да ги усогласи своите стандарди  за прием, преку воспоставување на листата на "безбедни земји", кон кои протерувањето на барателите на азил од истите тие земји ќе биде полесно. Но барем  засега, француско-германскиот импулс не се покажа како доволен.