Свет
11. October 2016 - 15:31

Оланд е подготвен во секое време да се сретне со Путин

Франсоа Оланд пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) изјави дека е „подготвен во секое време да се сретне" со рускиот претседател Владимир Путин, но под услов средбата да може да доведе до „унапредување на мирот", посебно во Сирија.

- Со Русија дијалогот е неопходен, но тој треба да биде цврст и искрен, рече францускиот претседател, додавајќи дека Париз и Москва имаат „големи несогласувања" околу Сирија.

Рускиот претседател денеска ја „одложи“ планираната посета на Париз, на 19 октомври.