Свет
13. July 2015 - 10:06

Оланд: Договорот со Грција ќе и дозволи да остане во еврозоната

Договорот на средбата на високо ниво на еврозоната ќе обезбеди Грција да остане во монетарната унија при услови - да ги почитува правилата на Европската унија, изјави францускиот  претседател Франсоа Оланд.

- Европските лидери успеаја да ја постигнат главната цел на преговорите - да го зачуваат единството и солидарноста на еврозоната, нагласи Оланд.

Тој додаде дека друга цел била да им се даде надеж на Грција и на грчкиот народ.

Оланд го поздрави „историскиот договор“ на ЕУ и „смелиот избор на грчкиот премиер Алексис Ципрас“. Францускиот парламент ќе гласа в среда за договорот со Грција.