Кошарка
15. February 2016 - 9:16

Ол стар: МВП признанието за Вестбрук

Во победата на Западот над Истокот од 196:173 на Ол стар викендот во Торонто признанието МВП му припадна на Расел Вестбрук од екипата на Оклахома. 

Со постигнати 31 поен на мечот на кој имаше дури 139 обиди за тројка Вестбрук го одбрани трофејот кој го освои минатата година со што стана првиот кошаркар на кој тоа му успеало уште од далечната 1958 година.