Кошарка
14. February 2016 - 10:41

Ол стар: Клеј го порази „тројкашот“ Кари!!!

Љубителите на кошарката можеа да уживаат во големата пресметка на „тројкашите“ од екипата на Голден Стејт, Клеј Томпсон и Стеф Кари на Ал Стар викендот во Торонто.  Томпсон приреди вистинска сензација против големиот фаворит и најдобриот шутер во НБА лигата Стеф Кари одземајќи му го трофејот во шутирање тројки. 

Во финалето  Томпсон го израмни рекордот на Ол стар викендите постигнувајќи 27 поени при што ги уфрли сите пет шарени топки. Кари остана на 23 поени, а третото место му припадна на Девин Букер. 

Во забивање најефектен беше Карл Ентони Таунс од екипата на Минесота. 

https://