Кошарка
3. February 2017 - 14:38

Ол стар: Кари не учествува на натпреварот во тројки, Томпсон ја брани титулата

Канцеларијата на НБА лигата соопшти дека се познати имињата на играчите кои на Ол Стар натпреварот ќе се натпреваруваат во шутирање на тројки и во забивање.
 
Клеј Томпсон од Голден Стејт ќе ја брани титулата во шутирање на тројки, а конкуренти ќе му бидат Кајри Ирвинг од Кливленд, Кајл Лаури од Торонто, бекот на Шарлот Кемба Вокер, Ник Јанг од ЛА Лејкерс, односно играчите на Хјустон, Далас и Портланд: Ерик Городн, Весли Метјус и Си Џеј Макалум.
На овој натпревар го нема рекордерот според бројот на постигнати тројки во една сезона Стеф Кари, кој на минатогодишниот Ол Стар во Торонто, во финалето загуби од клупскиот колега Томпсон.
 
Арон Городн од Орландо ќе биде најголемиот фаворит за победа во натпреварот во забивање. Гордон, лани неправедно загуби од Зек Левин, кој две години ја освојува титулата во ова натпреварување нема да учествува оваа година.
 
Покрај Городн во натпреварот во забивање ќе учествуваат Диандре Џордан (ЛА Клиперс), Дерик Џонс Џуниор (Феникс) и Глен Робинсон (Индијана).
 
 
 
На престојниот Ол Стар викенд ќе се одржи и напреварот „скилс челенџ“, а ќе учествуваат звучни имиња: Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Демаркус Казинс (Сакраменто), Џон Вол (Вашингтон), Городн Хејворд (Јута), Џоел Ембид (Милвоки) и Крстапс Порзингис (Њујорк).
 
Ол Стар викендот ќе се одржи од 17. до 19.февруари во Њу Орлеанс.