Бизнис
5. јуни 2016 - 16:33

ОКТА ќе дели дивиденда

ОКТА за прв пат ќе дели дивиденда. Рафинеријата одлучи дел од вкупната нето добивката,  околу  1  милиони евра да се поделат на акционерите, а остатокот од 320 илјади евра да се акумулираат во фирмата за натамошни инвестиции.

На 25 јули секој акционер ќе добие по 73 денари за акција. Инаку Окта е единствената подружница од групацијата Хеленик Петролеум, која одлучи да го дели ланскиот ќар. На Акционерското собрание на Хеленик, кое  се одржа во Атина менаџментот одлучи годинава на нема дивиденда, ниту за  централата  во Грција, ниту за  подржуниците во Бугарија, Србија, Црна Гора и Кипар, кои, за разликата на нашата, котираат на атинската берза.

Инаку ОКТА снабдува повеќе од половина од потребите  за  нафта на македонскиот пазар  и има незначителен извоз кон Косово и Србија. Во моментов снабдуваат  27 бензиски.

За  подобри резултати и поголема добивка неколку пати побарале од Владата да почнат  да го користат нафтоводот, во должина од 210 килемтри и капацитет од 2,5 милиони метрички тони, кој веќе е изграден и кој директно ќе носи дизел  од  Солун  до Скопје. Се надеваат дека за скоро време ќе добијат одговор.