Loading Video...
Свет
19. November 2020 - 16:55

Оксфордската вакцина создава силна имунолошка реакцијата и кај лица постари од 70 години

Рeчиси еден милион кинези веке ја примиле експерименталната вакицна против ковид 19 која ја развива Синофарм. Кинеската фармацевстка компанија сооппти  дека досега не е забележана негативна реакција кај луѓето кои ја примиле вакцината,иако се уште не е потвдено дали е безбедна и ефиканска. Официјлано е наведено дека може да се користи во итни случаи. А  Досегашните резулатите од Вакцината против ковид 19 што заеднички ја развиваат Универзитетот  Оксфорд и АстраЗенека  покажуваат дека таа предизивкува силен имунолошки одговор и кај младите и кај возрасните лица. Резулатите покажуваат силен имунолошки одговор дури и кај лицата постари од 70 години изјави водачот на истражувањата, Ендру Полард и додаде дека конечните резулатите се очекуваат наредните недели. Вакцините на Модерна, Фајзер и Спутник веке покажале добри прелиминарни резулатти од третата фааз, обезбедувајќи заштита од  над 90 проценти. Соединетите држави се најзагорзена земја во светот по бројот на починати и заразени со Ковид 19. Бројот на смртни случаи надмина 250 000 а речиси 11,5 милиони се заразени. Избраниот претседател Бајден апелира до Американците да носат маски и да држат дистанца.

СПЦ ДЕМАНТИРА: ПАТРИЈАРХОТ ИРИНЕЈ Е ЖИВ, ПРЕДВРЕМЕ ГО УМРЕА ВО ЛАЖНИ ВЕСТИ

СПС ја демантираше информацијата на дел од српските медиуми дека починал поглаварот Иринеј. Потврдуваат дека од утрово му е влошена здравствената сосотојба како последица од корона вирус. За него во Воено-медицинскиот центар Карабурма во Белград се грижат и лекари од Москва. 90 годишниот патријарх е хоспитализиран од 5 ноември откако ден претходно тестотот во рамки на редовните контроли покажал дека е позитивен на вирусот. Јавноста ќе биде информирана и понатаму за здравствената сосотјба на Неговата Светост се вели во соопштението на СПЦ.