Loading Video...
Свет
23. November 2020 - 21:09

Оксфордската вакцина дава висока ефикасност во спречувањето на Ковид -19

Астра зенека и Британскиот Универзитет Оксфорд објавија дека нивната вакцина за ковид 19 покажала „висока ефикасност во спречување на Ковид-19“ кај сите волонтери.Тестирани се два начина на дозирање. Едниот има ефикасност од 90% додека другиот од 70%. Вакцината може да се чува во фрижидер и ќе чини 3 фунти. Фајзер и Модерна развија вакцини кои обезбедуваат 95 процентна заштита, се чуваат на многу пониски темепратури и се далеку поскапи.

Почна судскиот процес против екс претседателот на Франција Никола Саркози под обвинение за корупуција и злоупотреба на функцијата, поради што му се закануваат 10 години затвор и парична казна од милион евра. Обвинителството тврди дека Саркози во 2014 година  се обидел да поткупи судија за возврат на информации во врска со истрагата за финансиите на неговата партија. Екс претседателот го негира обвинението. Против Саркози се водат и други истраги.

Бројката на заразени со коронавирус во светот стигна до 59 милиони, а починаа речиси 1 милион и 400 илјади лица. На прво место  по заразени  и починати се Соединетите држави. Франција е прва во Европа по бројот на инфицирани - 2 милиона  и 140 илјади. Црниот ковид биланс продолжува и во регионот. Во борбата против заразата Хрватска ќе се справува и со масовно тестирање на граѓаните со брзи тестови.