Живот
4. February 2017 - 12:56

Оксфорд и Рединг најдобри места за живот и работа во Британија

Универзитетскиот центар Оксфорд и Рединг во југозаадна Англија, се прогласени за најдобри градови за живот и работа во Велика Британија.

Мидлсборо, Стоктон и Сандерленд, сите во североисточна Англија, се на самото дно од листата на градовите и населените места во земјата, според индексот за 42 британски локации за „Гуд гроут фор ситис“ за 2016 година.

Во категоризацијата на градовите, во чија изработка учествувале експерти од компанијата „Прајс Вотер Хауз-Куперс“ и на тинк-танк организацијата Демос, главниот град на Велика Британија е рангиран на 15 место.

При анализирањето на позициите на градовите се водело сметка за вработувањето, здравствената заштита, степенот на обрзование на лугето, приходите, домувањето и можноста да се најде и поседува стан или куќа, животниот стандард во градот, рамноправниста на луѓето според висината на нивните приходи и степенот на загаденоста.

Во листата на десет најдобри британски градови, на третото место е главниот град на Шкотска, Единбург, а натаму следуваат Саутемтон, Бристол, па другиот значаен универзитетски центар Кембриџ, малиот град Милтон Кинс, Ковентри, Свиндон и уште еден шкотски град, нафташкиот центар Абердин.

Во споредба со листата во 2015 година, Абердин, кој тогаш беше петопласиран, сега е десети, што се поврзува со кризата со цената на нафтата и намалените приходи за градот и неговите жители, а пад на позициите во рангирањето бележат и „градот на лебедите“ Свонси во Велс, најпопуларното место на јужниот британски брег Брајтон, како и Вулверхемптон и Волсол.