Свет
10. January 2018 - 18:25

Оковани во лед: Замрзнаа и алигаторите во САД

Мочуришниот парк во Северна Каролина објави видео од алигатори во замрзнато езеро кои се целосно оковани во лед. На видеото може да се види дека само врвот од главата на животните вирее надвор од замрзнатата површина, техника за преживување што ја појасни шефот на паркот, Џорџ Хаудард.
 
„На овој начин алигаторите можат нормално да дишат. Ова е механизам што им служи за да можат да продолжат да дишат, дури и ако се друго околу нив е замрзнато“, рече тој.
САД го погоди невообичаена зима, а по речиси 30 години снег падна и на Флорида.