Свет
29. May 2017 - 9:11

Околу сто лица се убиени во опсадата на филипинскиот град Марави

Околу 100 лица се убиени во борбите за јужниот филипински град Марави, кој е под опсада на бунтовниците. Меѓу убените има 19 цивили, соопшти денеска полициата и воени извори, јави ДПА. 

Меѓу борците, кои го држат под опсада градот, кој се наоѓа на 800 километри од Манила, загинаа 61 лице, изјави портпаролот на армијата Џо Ар Ерера.

Во судирите во регионот, пти започнаа во вторникот, загинале и 13 војници и четворица полицајци. Меѓу 19-те убиени цивили има осум мажи, за кои се смета дека се убиени вчера изутрината, а нивите тела се фрлени во јама крај патот на само 200 метри од воено контролниот пункт, нагласи полицијата.

- Рацете на жртвите им биле врзани позади телото и повеќето од нив биле застрелани во главата, прецизира полицаецот Џамаел Мангаданг, раководител на екипата од силите за безбедност.

Војниците откриле и тела на три жени, четворица мажи и едно дете во близина на Универзитетот во Минданао во Марави. 

Ерара нагласи дека силите за безбеднот се ограничени во регионот и додаде дека офанзивата продолжува.

- Можат да бегаат, но не можат да се скријат. Прашање на време е, нагласи тој.

Припадници на пешадијата, поддржана од тенкови патролираат по пустите улици и проверуваат дали има воружени мажи, со тоа што влегуваат во куќите и фрлаат бомби на сомнителните места. Војниците истрелуваат ракети и отвораат оган кон наводните скривалишта на исламистичките борци. 

Нд 2.200 цивили се блокирани во зоната на конфликтот во Марави, стравувајќи за животот поради заканите на исламистите и воздушните напади на армијата. 

На почетокот на минатата недела филипинските вооружени сили и полицијата нападнаа упориште на терористичката исламистичка групација Абу Сајаф во Марави, за да го заробат нејзиниот лидер Иснилон Хапилон. Тој е лидер и и на огранокот на Исламска држава за Југостиочна Азија и е вклучен на американската листа на најбараните терористи.

Терористите на помош повикаа една сојузничка организација, по што стотици нејзини борци навлегоа во градот, запалија згради и ги нападнаа војниците и полицијата. Операцијата на владината војска пропадна, а илјадници цивили избегаа од градот.

Како одговор претседателот Родриго Дутерте прогласи воена состојба на островот Минданао, каде се наоѓа Марави, дел од муслиманскиот автономен регион на земјата.