Околу 850 дела се поднесени пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур по пучот во Турција
Приближно 850 дела се поднесени во Европскиот суд за човекови права во Стразбур по неуспешниот пуч во Турција, а најголемиот број се однесуваат на отпуштањето на државните службеници, изјави висок европски претставник.
Даниел Холтген, портпарол на генералниот секретар на Советот на Европа Турбјорн Јагланд, истакна дека понеуспешниот обид за воен удар во Турција во јули, околу 40.000 случаи се пред турскиот Уставен суд.
Холтген наведе дека целта на генералниот секретар Јагланд, кој е во посета на Турција, е да се изнајде начин за справување со таквата ситуација.
Јагланд веќе разговараше со претседателот на турскиот Уставен суд и со министрите, а за денеска е предвидена и средба со претседателот Реџеп Таип Ердоган.
- Неговата мисија е да најде излез од сегашната деликатна етапа меѓу Турција и Европа, посочи Холтген алудирајќи на постоечките тензии меѓу Анкара и Брисел.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност