Околу 7.000 бегалци стигнаа во Германија
Околу 7.000 бегалци од Унгарија, преку Австрија синоќа стигнаа во Германија, во најголем дел на железничката станица во Михен, јавуваат германските медиуми.
Бегалците што е можно побрзо ќе бидат распоредени во германските покраини.
„Пристигнување во ветената земја“, „Данке Дојчланд“ и „почитување“, се слушаа од бегалците, кои во најголем дел се од Сирија.
Германските медиуми наведуваат дека договорот на канцеларката Ангела Меркел со властите во Унгарија и Австрија за давање дозвола за влез на бегалците бил остро критикуван од баварската Христијанско-социјална унија, која е сестринска партија на Демохристијанската унија (ЦСУ), со оценка дека тоа е погрешен сигнал.
Од редовите на ЦСУ беше соопштено дека одлуката да се дозволи на бегалците влез во Германија, Меркел не ја договорила со германските покраини.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд