Свет
17. September 2020 - 15:20

Околу 70 мигранти се обиделе да допливаат до италијанскиот брег

Околу 70 мигранти денеска скокнале во морето од шпанскиот спасувачки брод „Раширени раце“, во обид да допливаат до блиското италијанско пристаниште Палермо.

Мигрантите кои скокнале во морето се дел од група од околу 270 мигранти кои ги пронашла италијанската крајбрежна стража и полицијата.

Мигрантите биле поделени во три спасувачки бродови помеѓу 8 и 10 септември, а екипажот сè уште чека инструкции каде би можеле да бидат распоредени.

Италијанската крајбрежна стража префрлила две трудници и сопругот на една од нив на копното со цел да им обезбеди медицинска заштита.

За време на пандемијата на коронавирусот, италијанските власти забранија спасувачките бродови да застануваат во италијанските пристаништа.