Свет
16. August 2015 - 21:01

Околу 60 лица загинаа при воздушни напади во близина на Дамаск

Најмалку 58 лица, од кои повеќето цивили, загинаа денеска на пазар во Дума, во близина на Дамаск, при воздушни напади извршени од сириските сили врз градот кој е контролиран од бунтовниците.

Како што соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, извршени се четири напади врз пазарот во центарот на градот Дума.

Во инцидентот се повредени над 100 лица.