Околу 5200 основци ја почнаа новата учебна година во општина Кисела Вода
Во осумте основни училишта во општина Кисела Вода за околу 5.200 ученици денеска почна новата учебна година. Првпат во училишните клупи седнаа 616 првачиња.
Честитајќи им го почетокот на новата учебна година, од општина Кисела Вода истакнуваат дека во изминатиот период реализирани се повеќе проекти со кои се обезбедени подобри услови за учениците.
Во соопштението од општината се посочува дека основците од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ добиле нов училишен објект и енергетски обновена спортска сала, а изграден е и нов училишен објект за ООУ „Рајко Жинзифов симбол на кинеско - македонското пријателство“, во кое се започнати градежните активности за изградба на нова училишна спортска сала. Целосно е реновирано централното основно училиште „Круме Кепески”, реновирано е подрачното основно училиште „Круме Кепески” во Припор и отворена е првата детска градинка „Стапалче“ во Припор. Темелна реконструкција е извршена и во Подрачното основно училиште „Кузман Јосифовски Питу” во населбата Црниче, каде е изградено и повеќенаменско игралиште, а реконструкција е извршена и во ООУ „Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево.
За поголема безбедност на учениците извршено е и повторно обележување на пешачките премини пред училиштата и градинките.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак