Македонија
9. February 2016 - 13:27

Околу 500 заболени од грип во Кавадаречко

Околу 500 лица заболени со сезонски грип се евидентирани во Центарот за јавно здравје во Кавадарци, соопшти денеска доктор Ристе Јовановски, епидемиолог.

- Само за една седмица имаме нови 187 случаи на грипозни или засега вкупно 477 оваа сезона. Најчесто заболуваат лица на возраст од 15 до 64 години, а веднаш по нив се децата и учениците од 5 до 14-годишна возраст. Во истиот период минатата година имавме регистрирано 136 лица заболени од сезонски грип, информираше Јовановски.

Тој нагласи дека активноста на вирусот континуирано се зголемува, а се очекува и понатамошен пораст на бројот на грипозни наредните седмици.

Јовановски информира дека сезонава во Центарот за јавно здравје Кавадарци против грип биле вакцинирани 794 лица од Кавадарци и Росоман.