Околу 4.000 кандидати заинтересирани за попишувачи и реонски инструктори
Пријавувањето на јавниот Конкурс за ангажирање реонски попишувачи и реонски инструктори за претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите до овој момент се одвива добро и веќе се пријавени околу 4.000 кандидати заинтересирани за попишувачи и реонски инструктори, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Пријавувањето, како што информираат од Државниот завод за статистика, е многу едноставно, преку електронската апликација поставена на веб страницата: https://popis2021.stat.gov.mk/ каде што може да се најдат сите информации за повикот. Пријавувањето трае од 23 до 28 февруари.
На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Република Македонија кои се невработени со завршено најмалку средно образование и имаат основни компјутерски вештини.
Дополнително, Државниот завод за статистика во Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за утврдување на надоместокот за извршените работи на учесниците во Пописот, 2021 година ги утврдува и надоместоците за реонските попишувачи и реонските инструктори.
Надоместот за попишувачите за правилно внесени податоци во електронскиот прашалник се утврдува да изнесува за попишувач паушален износ од 4.000 денари, за секое попишано лице по 30 денари, за секој попишан стан по 20 денари, за секое попишано домаќинство по 50 денари. За лице определено за резерва паушал од 5.000 денари, а за секој ден ангажирање по повик на резервниот попишувач 700 денари дневно.
Надоместот на реонскиот инструкторот, како што се наведува, се утврдува да изнесува: за реонски инструктор паушален износ од 5.000 денари, за секоe попишано лице од попишувачот по 3,00 денари, за секое попишано домаќинство од попишувачот по 5,00 денари, за секој попишан стан од попишувачот по 2,00 денари.
– Ги поттикнуваме сите заинтересирани лица за учество во пописните активности да се пријават на Конкурсот за реонски попишувачи и реонски инструктори, а крајниот износ на надоместот ќе зависи најмногу од нив – од нивната професионалност, посветеност и квалитетот на извршеното попишување, се вели во соопштението.
Претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите во земјава ќе се спроведе од 1-ви до 21-ви април годинава.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово