-->
-->
Околу 40 лица се повредени во антивладини протести во Венецуела
-->
Околу 40 лица се повредени вчера во протести организирани од венецуелската опозиција во главниот град Каракас.
Градоначалникот на општина Чакао, Рамон Мучачо изјави на прес-конференција дека повеќето од повредените се со контузии, а тројца се ранети од огнено оружје. Тој потврди дека повредите не се опасни и поголем дел од повредените не се хоспитализирани.
Од почетокот на минатиот месец во Венецуела се одржуваат антивладини протести, кои честопати прераснуваат во судири со полицијата.
Причина за кризата во Венецуела се одлуките на Врховниот суд, кои се однесуваат на овластувања на претседателот и на Парламентот, кој е под контрола на опозицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора