Балкан
13. February 2017 - 15:17

Околу 38.000 граѓани се откажале од косовското државјанство

Околу 38.000 граѓани од Косово се откажале од косовското државјанство во периодот 2009 – 2017 година, објави косовскиот јавен сервис ТВ РТК.

Како причина за тоа се наведува дека некои држави не прифаќаат двојно државјанство, па околу 38.000 луѓе го замениле косовскиот пасош со германски или австралиски.

Тешката економска ситуација и недостигот од перспектива се меѓу главните причини за откажување од косовското државјанство.