Околу 3.000 украински камиони се блокирани на граница, блокадата на полските возачи трае повеќе од 10 дена
Околу 3.000, главно украински камиони се заглавени на полската страна од границата во неделата наутро поради блокадата на полските камионџии која трае повеќе од десет дена, соопштија украинските власти.
Полските камионџии веќе ги блокираа патиштата што водат до трите гранични премини со Украина на почетокот на овој месец, протестирајќи против, како што велат, владината неактивност што им дозволува на домашните возачи да ги загубат своите работни места поради странската конкуренција што се појави откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.
Украинските власти минатата недела објавија дека Киев и Варшава и овој пат не постигнале договор за прекин на протестите. „Повеќе од десет дена украинските возачи се блокирани на полската граница.
Илјадници луѓе се принудени да живеат во тешки услови со ограничено количество храна, вода и гориво“, напиша на „Икс“, Олександр Кубраков, заменик-премиер на Украина.
Според податоците на украинското Министерство за инфраструктура, границата со Полска месечно ја минуваат во просек од 40. 000 до 50.000 камиони преку осумте постоечки премини, што е двојно повеќе од пред војната.
Украинските посредници во транспортот на житото минатата недела предупредија дека патните испораки на намирници и храна во првите 13 дена од ноември во Украина се намалиле за 2,7 отсто поради тешкотиите на полската граница, а причината е штрајкот на возачите на камиони.
Ново на Сител
-
Апелациониот суд во Њујорк ја врати забраната против Трамп да коментира за судскиот персонал во постапката
-
Бесими - Басани: Нотирани постигнувањата на земјава кои се резултат на 30-годишното партнерство со Светска банка
-
Народниот правобранител на Украина ја обвини Русија дека ја блокира секоја размена на воени заробеници меѓу двете земји
-
Унгарија нема да го поддржи предлогот за почеток на преговори за пристапување на Украина во ЕУ
-
Украинскиот амбасадор во ОБСЕ: Не можеме да ја градиме иднината на ОБСЕ, со земја која ја киднапира нашата иднина
-
Обвинителот на МКС, Кан во Израел ќе се сретне со преживеаните од нападот на 7 октомври и семејствата на жртвите
-
Убиен еден од ограбувачите на златарница во Косово, ранет полицаец и приведени седум лица
-
Хамас соопшти кои 30 Палестинци ќе бидат разменети вечерва