Балкан
22. March 2017 - 8:33

Околу 29 илјади албански и 89 илјади косовски граѓани лани побарале азил во ЕУ

Албанските и косовските граѓани и понатаму се најбројни меѓу граѓаните од европските земји по бројот на баратели на азил во некоја од земјите членки на ЕУ.

ЕВРОСТАТ наведува дека лани азил во земјите на ЕУ побарале  28.925 албански граѓани.

Најпосакувани држави биле Германија и Франција, каде азил побарале 14.855 односно 6.850 албански граѓани.

Во текот на минатата година околу 1.300 албански граѓани економски азил побарале во Грција,но голем е бројот и на азиланти во Велика Британија,Холандија и Шведска.

Исто така и Косово бележи значителен раст на азиланти.Така,лани околу 89 илјади косовски граѓани побарале азил во некоја од земјите на ЕУ.

По Косово и Албанија, по бројот на баратели на азил од европските земји  е Русија со околу 23 илјади азиланти.

Инаку, според ЕВРОСТАТ во текот на минатата година 1,2 милони луѓе аплицирале за азил во ЕУ.Најголем број се од Сирија,334.820 лица, потоа е Авганистан па Ирак.