Свет
23. August 2016 - 8:21

Околу 26.000 деца без придружба ја преминале границата на САД со Мексико од почетокот на годината

Околу 26.000 деца без придружба од држави од Централна Америка влегле во САД во првата половина од годината, соопшти Уницеф.

Повеќето од нив се од Салвадор, Гватемала и Хондурас каде се извршуваат многу убиства и се шири сиромаштија.

Уницеф нагласува дека непридружените деца кои присуствуваат без адвокат пред имиграциските власти најчесто се депортираат.

Во истиот период во 2015 година во САД влегле 18.500 непридружени деца, а во 2014 година – 44.500.

Уште 29.700 луѓе, претежно мајки со мали деца исто така се задржани на границата на САД со Мексико од јануари до јуни.