Околу 200 првачиња не следат настава зашто се невакцинирани
– Според податоците што Министерството за образование и наука до петокот ги добило од терен од просветните инспектори и кои се досега обработени, околу 200 првачиња од целата држава не се запишани во учебната 2019/2020 година затоа што не се вакцинирани.
– Можеби ќе биде и поголем бројот, но поентата не е тоа. И за едно дете да се работи, ние треба да делуваме како институции, но треба да го почитуваме Уставот, законите и решението на Уставниот суд, кој за ова прашање се огласил и го третирал со конкретни насоки. Се разгледуваат сите можни опции – и околу законскиот аспект, и околу бројот на незапишани на национално ниво. Податоците на кои се повикуваат родителите во врска со вакцинацијата, како и оние за досега незапишани првачиња ќе ги отворам на посебна седница на Владата, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми, одговарајќи на новинарски прашања пред состанокот на работната група за концептот за инклузивно образование.
Истакна дека имал неколку средби со родители на невакцинирани деца, во присуство и на други надлежни министри и на премиерот, и на тие средби ги разгледувале сите законски аспекти.
На прашање дали во меѓувреме, до конечната одлука, ќе се дозволи овие деца да посетуваат настава, Адеми одговори дека МОН е во постојана комуникација со Министерство за здравство и ја следат ситуацијата. Повтори дека за да се зголеми достапноста и опфатот на вакцинирани, овозможена беше и теренска вакцинација на децата.
Откако минатата зима се рашири заразата со мали сипаници, а во април беше прогласена и епидемија од морбили на национално ниво, беше одлучено градинките и училиштата да ги примаат само децата за кои ќе се приложи вакцинален картон.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација