Околу 16 илјади малолетници лани користеле социјална заштита
Вкупниот број на малолетни корисници на социјална заштита во 2015 година изнесувал 16.087 додека вкупниот број на полнолетни корисници на социјална заштита бил 39.785, објави Државниот завод за статистика.
Од правата на социјална заштита за малолетни и полнолетни корисници, услугите на социјалната заштита учествуваат со 77 отсто. Гледано одделно, по услуги на социјална заштита, правата за социјална парична помош се најмногу застапени со 54,6 отсто, односно со 42,1 отсто од вкупната социјална помош.
Во 2015 година, 28.018 носители на домаќинства (број на домаќинства) биле корисници на социјална парична помош.
Со истражувањето спроведено во 2015 година, покрај четирите државни установи-домови за возрасни лица, опфатени се и 16 приватни установи-домови за возрасни лица.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација