Loading Video...
Свет
11. September 2020 - 12:24

Околу 13.000 од вработените во училиштата во Италија позитивни на Ковид-19

Околу 13.000 вработени во училиштата во Италија биле позитивни на вирусот Ковид-19 по направените тестирања во пресрет на почетокот на новата учебна година. Најголем број тестови се спроведени во најпогодениот регион Ломбардија, каде биле тестирани 70% од вработените, додека Сардинија е на последното место со 5%. Како што беше најавено од 14 септември кога ќе започне училишната настава во поголемиот дел на Италија ќе се доставуваат околу 11 милиони заштитни маски дневно што ќе им бидат неопходни на учениците за влез во училиштето.

„Литванија ја признава Тихановскаја против кандидатката на Лукашенко на завршените претседателски избори во Белорусија како претседател на таа земја. Светлана Тихановскаја и опозицискиот координативен совет се единствените легитимни претставници на Белорусија. Литванија ја повика и меѓунардоната заедница да го поддржи барањето на поддржувачите на Тихановскаја да се одржат нови транспарентни претседателски и парламентарни избори во земјата“, се наведува во резолуцијата усвоена од литванскиот парламент. Резолуцијата ја повикува меѓународната заедница да ги процени договорие меѓу Русија и Белорусија и да воведе санкции доколку Москва и Минск се обидат со нивна помош да го ограничат суверенитетот на  Белорусија. Тихановскаја доби поддршка и од властите во Полска по средбата со премиерот Матеус Маровјецки во Варшава.

Белорускиот претседател Лукашенко пак повторно изјави дека нема намера да се откаже од власта. 

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот конкурент  на претседателските избори, демократскиот кандидат Џон Бајден биле цел на напад од хакери поврзани со Русија и Кина информираше американскиот технолошки гигант „Микрософт“. Американските разузнавачки служби минатиот месец информираа дека Русите го фаворизираат Трамп, а Кинезите го претпочитаат Бајден, поранешниот потпретседател на САД. Експертите велат дека хакери од Кина генерално бараат разузнавачки информации за да добијат економска и политичка предност, додека пак Москва е насочена кон вооружувањето за да дестабилизира други Влади.