Свет
17. April 2021 - 11:15

Околу 10 илјади верници на Ридот на храмовите, што е најголем собир од почетокот на пандемијата

Околу 10.000 муслимани се собраа вчера на молитва на Ридот на храмовите, што е најголемиот собир од почетокот на епидемијата на Ковид-19.

Минатата година, пристапот до Ридот на храмовите беше затворен за време на муслиманскиот пост Рамазан поради епидемијата, но таа локација е повторно отворена, со строго почитување на мерките против коронавирусот и со ограничен број верници.

За молитвата на првиот петок од почетокот на Рамазан, пристапот до Ридот на храмовите беше дозволен за 10.000 муслимански верници, кои примиле вакцина против коронавирус.

Ридот на храмовите е под израелска власт од војната во 1967 година, додека муслиманите ги контролираат исламските места во неа и ја водат секојдневната администрација.

На Ридот на храмовите, која се наоѓа во стариот град Ерусалим, се наоѓа џамијата Ал Акса.