Кошарка
3. January 2019 - 14:53

Оклахома славеше кај Лејкерси, нов даб-дабл на Дончиќ

Од деветте натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата, ги издвојуваме, дербито во Лос Анџелес каде Лејкерси загубија од Оклахома со 107-100. 
 
Пол Џорџ со 37 поени и Расел Вестбрук со трипл-дабл од 14 поени, 16 скокови и 10 асистенции беа најзаслужни за оваа победа на „Тандерси“, со која се зацврстија на 3.место на табелата зад Девер и Голден Стејт односно Хјустон кој има три победи помалку. 
 
Кај „Езерциите“ за кои ова беше 17-ти пораз сезонава, во отсуство на Леброн Џејмс, најефикасен беше Кадевел Поуп со 25 поени. 
 
Нова брилијантна партија имаше Словенецот, Лука Дончиќ кој оствари нов дабл-дабл со 18 поени и 10 скокови во убедливата победа на Далас кај Шарлот со 122:84.
 
На останатите средби беа постигнати овие резултати: Кливленд – Мајами 92-117, Вашингтон – Атланта 114-98, Бруклин – Њу Орлеанс 126-121, Бостон – Минесота 115-102, Чикаго – Орландо 84-112, Мемфис – Детроит 94-101, Феникс – Филаделфија 127-132.