Кошарка
28. December 2019 - 16:57

Оклахома по продолжение подобра од Шарлот

 
Најнеизвесниот натпревар од синоќешната понуда во НБА лигата го одиграа Шарлот и Оклахома, а победа остварија гостите и тоа по продолжението со 104-102,
 
Најдобриот тим во лигата досега, Милвоки и без својот најдобар играч Јанис Антетокумпо, стигна до 28-та победа и тоа совладувајќи ја Атланта на гостински терен убедливо со 112-86. 
 
На останатите три меча победи забележаа домашните екипи и тоа Орландо беше подобар од Филанделфија со 98-97, Мајами со 113-112, ја победи Индијана, а Голден Стејт до четвртата последователна победа стигна во дуелот против Феникс кого го порази со 105-96